Десетгодишно девојче нападнато со нож во Тетово

Од:

Десетгодишно девојче било нападната со нож вчера во Тетово во близина на зградата во која живеело, соопшти МВР.

Случајот во полиција го пријавил таткото на девјчето, кој кажал дека вчера околу 17 часот неговата 10-годишна ќерка, во близина на зградата во која живееле, била нападната од машко лице, кое и се доближило и со нож и нанело неколку исеченици. Откако напаѓачот бил удрен од девојчето, го напуштил местото на настанот.

Истото лице, според кажувањето на девојчето, и пред два дена ја нападнало во домот, во кој незабележано влегло и ја допирало по телото. По преземени мерки во полициската станица Тетово, приведен и задржан е М.Б.(33) од Тетово, кој се сомничи дека го нападнал девојчето и од кого е одземен еден ловечки нож со футрола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии