Десет сообраќајки во Скопје, две лица потешко повредени

Од:

Десет сообраќајни несреќи се случиле изминатото деноноќие во Скопје, а во две од нив две лица биле потешко повредени. Во други две сообраќајки полесно биле повредени две лица, а во останатите шест е причинета само материјална штета.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Од сообраќај биле исклучени четири лица кои го управувале возилото под дејство на алкохол, осум лица го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и осум лица го управувале возилото со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани биле и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло. Затекнати биле 58 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 70 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ