Десет сообраќајки вчера во Скопје

Од:

Седум полесно повредени во пет од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и тројца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и тројца возачи кои поминале на крстосница на црвено свето. Четиринаесет лица биле исклучени од сообраќај: двајца поради возење под дејство на алкохол, 10 кои се уште не се стекнале со право за возење и двајца возачи почетници. Санкционирани биле четири пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 41 непрописно паркирано возило.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 88 возила.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска едукативна работилница ќе се одржи со учениците од второ одделение во ООУ „Његош“ во населеното место Јурумлари, општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ