Десет собраќајки во Скопје, три лица повредени

Од:

На подрачјето на СВР Скопје вчера се случиле 10 сообраќајни незгоди, во кои две лица сe потешкo и едно е полеснo повредено. Во седум од 10-те сообраќајки причинета е само материјална штета.

Полицијата вчера презела казнени мерки поради поголем број прекршоци. Кај 25 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на возачите во зона на крстосница, осум возачи за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон, како и кај седум возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Санкционирани се четворица возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возење на пат не го носеле заштитниот шлем на глава. Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 50 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ