Десет нови позитивни на Ковид-19 во гостиварскиот регион

Од:

Епидемиолозите со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, регистрираа десет нови случаи. Од меѓуопштинскиот кризен штаб потврдија дека резултатите на тестовите на Ковид-19 биле позитивни кај седум лица од општина Гостивар и три во општина Врапчиште.

Во најмалубројната гостиварска општина, Маврово и Ростуше нема нови случаи.

До денеска вкупниот број на активни случаи во гостиварскиот регион достигна 44. Во општина Гостивар активни се 23 , во Врапчиште 17 а во Маврово и Ростуше 4 случаи.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се над 500 тестирања и вкупно се регистрирани 67 позитивни резултати(33 во Гостивар, 27 Врапчиште и Маврово Ростуше 7), Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа четири лица. За излекувани се водат 19 пациенти.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар