Десет годишно дете починало од заталкан куршум во гостиварската населба Фазанер

Од:

Дете на десет годишна возраст од гостиварска населба Фазанерија починало на скопските клиники од повреди задобиени најверојатно од заталкан куршум.

Според првичните сознанија настанот се случил вчера попладне околу 15 часот, кога во близина на локалната џамија дететото со уште две други биле излезени. Во еден момент детето се пожалило на болки во задниот дел на главата од каде што и крварело, по што паднало во безсознание.  Набрзо родителите го пренеле во гостиварската болница, а потоа во  ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Доцна синоќа детето починало.

Од МВР потврдија дека кај нив е пријавен случај, но засега нема официјални потврди за идентитетот и причините за смртта на детето.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски