Десет дена никој ја нема видено најавената оставката на Абази од Управен одбор на Академија за судии и обвинители

Од:

Десетина дена по најавата дека ќе се повлече од функцијата член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази молчи за тоа дали испратил писмено барање до Советот на јавни обвинители. Ваков документ нема видено ниту претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолески кој пак за „А1он“ посочува дека ако е пратено преку пошта, ќе се види денеска на седница. Со овој документ, Абази треба да го ослободи столчето во Управниот одбор, барајќи да се повлече предлогот за негово назначување. Тој и самиот призна дека има конфликт на интереси, бидејќи на Академијата за судии и јавни обвинители слушател е неговата сопруга која треба да полага завршен испит.

„А1он“ прво исконтактира со Абази во текот на вчерашниот ден. Тој не одговори на прашањата зошто не се повлекол од функцијата член на Управен одбор иако ветил пред една недела. Молк и на прашањето – дали повлекувањето ќе биде целосно или само ќе ја стави функцијата во мирување додека сопругата не стане судија или обвинител, односно не ја заврши Академијата.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Анотнио Јолески, вели дека усмено биле известени дека Абази се повлекува, но не и писмено. Посочува дека во петокот поради други работни ангажмани заминал порано од работа и не ја проверил поштата во целост, а ако е стигнато, ќе се разгледува и ќе се извести на денешната седница на Совет.

„Треба да видам во поштата…“, вели Јолевски.

Според законот за академија на судии и јавни обвинители Управниот има долг список на надлежности. Законот кој ја регулира работата на Академијата предвидува дека Управниот одбор носи одлуки по приговори поднесени од кандидати, а учествуваат и во постапката за полагање бидејќи членовите на овој одбор на крајот од процесот го усвојуваат извештајот. Кандидат за судија или обвинител е сопругата на обвинителот Абази.

Со функцијата член на Управен одбор, постои можноста и за вршење на влијание. Во надлежноста на членовите е назначување и разрешување на директор, да одлучуваат за тоа кои ќе бидат предавачи, да формираат и распуштаат комисии, усвојуваат извештаи, донесуваат акти.

Би можело да ве интересира

И Ковачевски збунет од изборот на Абази: На тој систем му требаат уште реформи, има огромна работа пред нив

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Абази за сликите со функционери од ДУИ во опуштена атмосфера: Се најдовме случајно

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Само добри зборови од Советот на обвинители за Абази, од кого обвинителите немаа ниту биографија

Кристијан Ландов

Ислам Абази се повлече: Се откажувам од членувањето во Управниот одбор, за да нема сомнежи во објективноста

Кристијан Ландов

Загриженост и критики за изборот на Абази: Процесот не беше доволно транспарентен

Кристијан Ландов

Камбовски до Абази: Доаѓа време на одговорност, доследно нека се држи до законот

Кристијан Ландов