(ВИДЕО) Деркоски: Сиљановска освои 309.799, Пендаровски 310.751 и Река 75.519

Од:

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, соопшти дека се обработени 96.92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто од гласачите.

Тој рече дека важечки се 696.467, а 31.585 се неважечки. Според податоците од ДИК, кандидатот Блерим Река освоил 75.519, Гордана Сиљановска Давкова 309.799, а Стево Пендаровски 310.751 гласови.

„Денешниот ден помина во мирна атмосфера, без посериозни забелешки од набљудувачите, органзиравме фер и коректен изборен ден. Во втор круг влагаат Сиљановска и Пендаровски“ рече Деркоски.

Ова се првични неофицијални резултати пристигнати до ДИК преку електронски пат и дека во текот на ноќта Државната комисија ќе продолжи со обработка на податоците, како и дека официјалните резултатит се очекуваат во текот на утрешниот или наредните денови, доколку има потреба од приговори или прегласување на некои места.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија