(ВИДЕО) Деркоски: Ниту една кампања не може да е кристално чиста, но оваа беше релативно мирна

Од:

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, на средбата со шефовите на изборните штабови на кандидатите за претседател оцени дека кампањата досега се одвивала во мирна атмосфера.

„Како и секоја кампања, не може да биде кристално чиста, мора да има одредени дневно-политички настани во функција на политиката и кампањата, но констатиравме дека атмосферата досега беше релативно мирна, а така треба да биде и во иднина без разлика кој е власт, кој опозиција. Да покажеме демократска зрелост за онаму каде што се стремиме. Нека победи подобриот“, порача Деркоски.

За интернет страницата на ДИК што не работеше неколку дена во изборен период, Деркоски рече дека направиле набавка за нови сервери и лиценци за заштита како што им побарале ИТ експертите и дека сега е во функција веб-страната.

Во однос на финансискиот дел, Деркоски рече дека од буџетот биле издвоени околу 299 милиони денари за кампањата, водат сметка за рационлно трошење и очекуваат дека како и за референдумот ќе потрошат помалку пари од предвидените.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија