Дерала: Не смееме да се откажеме од борбата за подобар свет

Од:

„На Германија ѝ е потребен мир и таа чезнее по мир“ беше често повторувана фраза во говорите на Адолф Хитлер во 1935 година. Тој доби власт од народот на изборите таа година. И, во годините што следеа, тој и неговата клика станаа персонификација на злото, она кое остави дамка во светската историја засекогаш. Не смееме да заборавиме уште една зла фигура, а тоа е Сталин кој ја употреби својата моќ, која им донесе смрт и страдања на десетици милиони луѓе, во името на социјалната правда и еднаквоста. Мораме да запомниме дека овие двајца не се сами во тажниот и крвав хол на озлогласените моќници. Не смееме да ги заборавиме сите останати кои се како нив, како и оние што се обидуваат да бидат како нив, малите и големите диктатори во минатото и во сегашноста.

Минатото не е исполнето само со ужасни престапи и злосторништва, туку е генератор и на идните ужаси. Ние стоиме во средината. Дали ќе дозволиме да се случи или ќе дадеме сѐ од себе да го спречиме, тоа е личен избор кој го правиме секој ден од нашите животи.

Тоа сме ние самите, секој од нас поединечно, кои сме одговорни за иднината на човечкиот род. Или, со други зборови, секој човек мора да добие простор и време да ја обликува иднината на цивилизацијата. Без оглед на тоа колку идеалистички звучи ова, колку и да изгледа недостижно и неостварливо, ние не смееме да се откажеме од борбата за подобар свет. Свет во кој мрачните времиња нема да бидат темел на уште помрачна иднина.

Некогаш, веруваме дека каузата или интересите се поважни од вистината. Тоа е стапицата во која паѓаме ние. Тоа е просторот во кој сторителите на зли дела ја кријат вистината и го пробиваат патот кон уште повеќе злосторства и бескрајни спирали на насилство. Тие го прават тоа за да се заштитат себе си, своите семејства и групите кон кои припаѓаат или во кои се вовлечени. Вистината и фактите на реалноста се постојано во опасност да бидат злоупотребени и да водат кон уште повеќе неправди. Сторителите на злосторства против човештвото секогаш се прикажуваат како жртви, ги правдаат своите престапи и злосторства како стремеж за правда, слобода и човекови права. Употребата на стравот и измамата се заеднички, а останатите ги тераат да мислат дека тоа што се случува, едноставно, мора да се случи. Децении по децении, ги гледаме духовите на минатото како стануваат темели на културата и начинот на живот на цели нации и етнички заедници.

Наша задача е да му ставиме крај на сето тоа. Лагите и ѕидовите на тишината мораат да паднат, бидејќи тие ги одржуваат насилството и злосторствата во живот. Нема подобар начин да се скријат злосторствата против човештвото од воспоставување лажни вредности и фабрикувана историја и да победат на избори.

Уметниците, интелектуалците, медиумите и граѓанското општество се најмоќните возила на промената. Без оглед на тоа колку мали и безначајни ни изгледаат нашите акции, секој збор, секоја порака, секое претставување и разговор, прави промена. Пресудна е нашата решителност да се соочиме со фактите и да ја откриеме вистината независно од тоа колку таа е непријатна. Нашата работа, дела и креации, нашите вредности и патишта се важни чекори кон светот на слободата, достоинството и мирот.

Џабир Дерала

ПС. Оваа кратка белешка е посветена на уметниците со кои Цивил соработуваше во текот на уметничката колонија Соочување со минатото. Уметниците и интелектуалците се предводници на слободниот свет. Им благодарам за нивната одлична работа и верувам дека ќе се сретнеме повторно наскоро, за да му помогнеме на нашето општество да ги урне ѕидовите на тишина и порекнување.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски