Дер Стандард: Груевски ја спасуваше својата кожа во Вашингтон

Од:

Австрискиот весник Дер Стандард во написот со наслов „Оставката на Груевски треба да донесе нов почеток за Македонија“ посочува дека премиерот Никола Груевски во Вашингтон отишол во мисија да „си ја спасува кожата“.

– До 15 јануари, 100 дена до изборите на 24 април, македонскиот премиер Никола Груевски мора да поднесе оставка. Тој е веројатно првиот премиер во светот, кој ја потпиша својата абдикација. Оставката се смета за симболичен чин – на „културата“ на „системот на Груевски”, кој треба да биде завршен, пишува Дер Стандард.

Во текстот се анализираат сите случувања од политичката криза.

„Оставката е дел од Договорот постигнат изминатите месеци со посредство на ЕУ медијаторот Јоханес Хан со учество на опозициските социјалдемократи. Покрај ЕУ, голема улога играа и САД. Во понеделникот Груевски полета за Вашингтон на средба со потпретседателот Џо Бајден. САД имаат голема улога во спречување на зголемувањето на влијанието на Русија на Балканот. Самиот Груевски пак, се обидува да си ја спаси кожата“, пишува Дер Стандард.

Во текстот се посочува дека е нејасно дали партијата на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, ќе победи повторно на изборите.

„Партијата смета на тоа- и тоа може да му овозможи на Груевски да се врати. Шансите не се лоши затоа што во земјите на Југоисточна Европа многу луѓе гласаат на избори, затоа што потоа можат да добијат вработување или стан од партијата. Затоа на Европската Комисија и е важно, Македонците овојпат пред изборите да знаат дека тие ќе бидат фер и дека се работи за иднината на земјата, а не за клиентелизам. Но до 24 април мора уште многу да се стори, меѓудругото да се актуелизираат гласачките списоци кои содржат и имиња на починати лица. Некои во Скопје се сомневаат дека тоа може да се стори до април. Оттука можно е изборите и да се одложат. За Груевски е подобро доколку остане планираниот термин. Колку подолго се одложува, толку повеќе работи ќе излегуваат на виделина преку правосудството. На Европската Комисија во прва линија и се поважни суштинските чекори отколку датумот, иако тој останува цел“, пишува австрискиот весник Дер Стандард.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on