Денови на турската култура во Штип

Од:

Со театарската претстава „Слуга на двајца господари“, во понеделник во Штип почнуваат Деновите на турската култура.

Како што информира директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Миле Вртеовски, до 25-ти април, покрај театарски претстави, ќе се одржат и проекции на два турски филма, како и промоција на турската поезија. 

– Деновите во кои ќе се промовира културата на одредени држави ќе стане пракса за Центарот за култура „Ацо Шопов“. На овој чекор се одлучивме, бидејќи во Штип има над 3.000 студенти од Турција, а во Штип живеат и голем број лица од турската заедница. Покрај турските денови, во иднина се планираат и денови кои ќе бидат посветени на балканските и на другите европски народи, рече Вртеовски.

Тој за вторник ја најави претставата „Прометеј“ во режија на Дејан Пројковски, а премиерата на претставата „Суд“ од Коле Чашуле, во режија на Дамјан Читкушев, е закажана за 22 април на сцената на Народниот театар – Штип. Проектот е финансиран од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза