„Денови на студентите по новинарство од Македонија“ во Штип

Од:

На анкетата, што ја реализираа студентите од отсекот новинарство на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, 98,5 отсто од новинарите и медиумските работници одговориле дека цензурата во медиумите постои.

Резултатите од анкетата денеска ги објавија студентите на работилницата „Денови на студентите по новинарство од Република Македонија“.

Студентите по новинарство анкетирале 136 новинари и медиумски работници од локални, регионални и национални медиуми.

– Кога станува збор за видовите на цензура се по присутна е автоцензурата, притисокот од политичките партии, од бизнис заедницата врз медиумските работници, кои впрочем се пожалија дека работат во несоодветни услови, дека работат со неквалитетен, нестручен кадар, дека постојано работат под притисок за ниски примања, вели Никола Ивановски, студент на новинарство.

Анкетата покажува и дека индексот на слободата на изразување изнесува 2,5 отсто и како што вели Ивановски, ако се спореди со категоризацијата, која ја имаат „Репортери без граници“ може да се рече, оти состојбата е меѓу лоша или делумно лоша.

Универзитетскиот професор Андон Мајхошев вели дека денешниов настан има и натреварувачки карактер за студентите од факултети за новинарство во земјава. Тие ќе изработуваат телевизиски и радио прилози, кои ќе бидат оценувани од страна на комисијата.

-Тие содржини, кои ќе ги креираат студентите, ќе бидат прегледани од страна на комисија и на крај ќе биде определн победникот во категориите најдобар радио и најдобар телевизиски прилог, вели Мајхошев.

Тој забележа дека целта на денешниот настан е да се промовира наставната програма по новинарство, но и да се запознаат студентите и да се вмрежат и соработуваат на заеднички проекти.

На настанот усчествуваа 30 студентите од Универзитетите од Штип, Скопје и Тетово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски

Пукање во Штип, едно лице е повредено на градскиот плоштад во Штип

Предраг Петровиќ

Пеце Ристевски назначен за в.д. директор на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

А1он