Денови на правото на глас

Од:

По повод 10 декември – Меѓународен ден на човековите права, ЦИВИЛ – Центар за слобода организира тридневна програма со консултативни средби, работилници и јавен настан со експертски тим од Хрватска, на тема „Денови на правото на глас“ од 9 до 11 декември.

Јавниот настан „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ ќе се одржи в петок, 11 декември, во хотел Сити Парк, со почеток во 12:00 часот.

Потребата од јакнење на јавната свест и активното вклучување на граѓан(к)ите во секојдневното набљудување на политичката состојба, се едни од предусловите за остварување на гласачкото право, слободно без притисоци, закани и уцени. На тој начин, Република Македонија ќе ја приближиме еден чекор поблиску до создавање услови за слободни избори.

Како граѓан(к)ите да се изборат за правото на глас, на кој начин можат активно да се вклучат во мониторирањето и конечно, како да се надмине стравот, се дел од прашањата на кои ЦИВИЛ, заедно со експертите од Хрватска, ќе се обиде да одговори.
Индентификување на ризици во периодот пред изборите, на денот на гласање и постизборниот период, споделување на искуството во мониторниг на изборите, презентација на проектите на ЦИВИЛ за изборите, како и капацитетите и развојот на планови за соработка се дел од темите на кои ќе се работи со експертскиот тим од Хрватска, составен од претставници на ГОНГ и Центар за одличност при Министерство за надворешни и европски парашања на Република Хрватска.

Покрај експертите од Хрватска и проектниот тим на ЦИВИЛ, на овие настани ќе учествуваат и мониторинг тимовите на организацијата, регионалните координатори на ЦИВИЛ, претставници на партнерските организации и граѓанското општество, а во еден дел од програмата поканети се и политичките партии.

Настанот се организира во рамките на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски