ВИДЕО: Денови на македонскиот мед по 9-ти пат во Центар

Од:

Производители на мед од цела Македонија од денеска до сабота учествуваат на деветото издание на „Денови на македонскиот мед“ што се одржува на ул. „Македонија“ во Скопје.

На 30-те штандови посетителите може да дегустираат и да купат пчелни производи, како и да добијат и едукативен материјал.

Организатори на манифестацијата се здружението „Матица“ и Федерацијата на фармери на Република Македонија, под покровителство на Општина Центар.

Манифестацијата денеска официјално ја отвори градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

„Не залудно е речено дека медот е храна на боговите. Ми причинува особено задоволство да ја отворам оваа манифестација која треба да ја одржи традицијата за презентирање на пчелните производи“, им порача на посетителите градоначалникот на Општина Центар.

med med2

Жерновски додаде дека Општина Центар секогаш со задоволство ќе поддржува вакви манифестации.

Заменик-министерот Коњановски потенцира дека во Македонија има 108.000 пчелни семејства и дека поддршката на пчеларите ќе продолжи, а од нив се бара да произведат квалитетен мед. Во 2006 година во земјава, како што рече, имало 57.000 пчелни семејства.

Градоначалникот Жерновски истакнувајќи ја важноста на медот, порача до присутните да го вкусат прекрасниот мед и дома да понесат од овој корисен производ.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски