Денот без автомобили одбележан и во Крива Паланка

Од:

По повод Европската недела на мобилност (ЕНМ), Општина Крива Паланка во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, се вклучи во настанот „Комбинирај и движи се“ со активности што се преземаат за заштита на животната средина и на природата.

Овој ден општина Крива Паланка го одбележа, како Ден без автомобили, кога традиционално кај нас и во светот, се затвора сообраќајот на една или повеќе фреквентни сообраќајници и истите се резервираат за велосипедисти, пешаци или за јавниот транспорт. Целта е да се испрати силна порака за користење на алтернативните видови транспорт и за комбинирање на одржливите начини на превоз до саканата дестинација.

Европската недела на мобилност се одржува секоја година од 16 до 22 септември, а оваа година во општина Крива Паланка за активностите по повод овој ден без автомобили, се пријавија околу 220 учесници од невладиниот сектор, општинските училишта, институциите и граѓаните, исто така во паркот имаше интерактивни игри со велосипед, а беа вклучени и ликовните секции од училиштата. ЕНМ првпат беше иницирана во Франција во 1998 година, а во Македонија официјалното одбележување започна во 2001 година.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски