• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Денеска завршува „Синедејс“

by А1он25/11/2012 - 11:49155
Share0

Наградите за најдобар филм, режисер, сценарио и филм во категоријата Синебалкан ќе бидат доделени вечерва на затворањето на 11. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Добивај вести на вибер

Во официјалната конкуренција се десет наслови од млади европски автори, седум во програмата Синебалкан и пет во селекцијата МК&ЕУ (европски филмови во кои учествуваат режисери, сценаристи, актери, продуценти од Македонија).

По прогласувањето на најдобрите во нивна чест ќе биде прикажан филмот „Кога ќе се раздени“, најновото дело на српскиот режисер Горан Паскаљевиќ. Музиката во филмот е на Влатко Стефановски, а во него играат мето Јовановски и Зафир Хаџиманов.

На годинашното издание на Синедејс во неколку селекции беа прикажани 107 филмови. Фестивалот беше отворен на 16 овој месец со проекција на словенечкиот филм „Шангајски циган“ во кој главната улога ја игра македонскиот актер Висар Вишка, а се појавува и актерот Сенко Велинов. Филмот, снимен по сценарио и режија на Марко Набершник, годинава ја доби наградата за најдобро сценарио на Филмскиот фестивал во Монтреал.

filmkultura

Би можело да ве интересира

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 11:17

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 09:58

„Матица“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од Зорана Шулц – продолжението на „Вкусот на гревот“ на македонски

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 09:55

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 14:58

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 11:09

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 10:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен