Непречено почна гласањето на болните и изнемоштените во Прилепскиот регион.
Од општинската изборна комисија во Прилеп потврдуваат дека нема никакви проблеми во текот на гласањето.
– Нема проблеми и непречено и навремено почна гласањето на болните и изнемоштените, на штитениците во домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и на осудениците во прилепскиот затвор, вели Валентин Божиноски, претседател на Oпштинската изборна комисија во Прилеп.
Во Прилеп, денеска своето право на глас го остваруваат 298 болни и изнемоштени лица, 60 штитеници во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и 119 осуденици во прилепскиот затвор.
Денеска гласаат и 222 болни и изнемоштени лица во општина Крушево, 61 во Кривогаштани и 105 болни и изнемоштени во општина Долнени.