Денеска сончево со мала до умерена облачност

Од:

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Кон крајот на денот и во ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Во ноќните часови кон понеделник ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени.

Од утре во вечерните часови под влијание на нов влажен бран ќе започнат врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во понеделник, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2).

Врнежи од снег ќе има најпрво на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од понеделник попладне и на некои повисоки места.

Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег.

Би можело да ве интересира

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, свежи утра и високи дневни температури

Денеска сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени

Денеска облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Денеска ќе е променливо облачно, температурата до 19 степени

Денеска облачно со сончеви периоди, од среда дожд

Денеска променливо облачно со повремен локален дожд