Денеска сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, особено во петок.

Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и малку посвежо со умерен, повремено засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

Сончево и топло со мала локална облачност

Сончево и топло, до 34 степени

Сончево време, попладне услови за нестабилност

Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сончево и топло со мала до умерена облачност