Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.
До средината на следната седмица ќе се задржи променливо облачно и потопло време потоа дневната температура ќе опадне за неколку степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во среда ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а од попладневните часови и во четврток ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер кој наместа ќе надминува 50 km/h.
Во петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.
