Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд.

Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до три, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до минус еден, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.

До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска студено утро, а потоа сончево и топло до 20 степени

Денеска променливо облачно, температури до 16 степени

Денеска сончево и топло со температури до 18 степени

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд