Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 3 до 7, а максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе се спуштат до 2, а максималните ќе достигнат до 17 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот.

Денеска и во утре утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви.

Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.

Од сабота ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе достигнува брзина од 60 km/h.

Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд.

Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно и посвежо со сончеви периоди

Денеска облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени

Денеска променливо облачно, температурата до 18 степени

Денeска облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер