Денеска променливо облачно со слаб до умерен северен ветер

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен.

Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.

До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни.

Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m².

Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.

Температурата на воздухот значително ќе опадне.

Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со сончеви периоди, од утре ќе има заладување со нови пообилни врнежи

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Променливо облачно и топло, можен слаб дожд

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег