Денеска пороен дожд

Од:

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно со променлив правец. Во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне се очекува да има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 7.

За време на викендот во поголемиот дел на земјата се очекува да преовладува претежно стабилно и топло време, но во планинските предели можна е изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза