Денеска пет пожари се активни, а три се под контрола

Од:

На територијата на државата се евидентирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола и 29 се изгаснати.

Активни пожари има во:

.Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума)
Општина Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)

Под контрола се пожарите во:

Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, м.в. Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
Општина Демир Капија – во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија (ниска вегетација)

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан