Денеска облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време, над 15 литри на метар квадратен, и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), информира дека до петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

УХМР: Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

Денeска облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Следните денови врнежи од дожд и посвежо

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд