Денеска најверојатно ќе биде познат составот на Владата, утре СДСМ на Конгрес гласа за лидер

Од:

Мандатарот Зоран Заев и лидер на СДСМ за денеска најави дека ќе биде исцртан новиот владин состав. Списокот со кандидатите на новата извршна власт заедно со програмата за работа ќе биде испратена до законодавниот дом, и наредната недела ќе биде избрана на почетокот на следната недела.

Деновиве продолжија средбите и разговорите за поделба на ресорите и за утврдување имиња меѓу партиите. Последните со кои разговараше Заев, беа Алијанса за Албанците на Села и движењето Беса.

Села вчера изјави дека, без разлика дали ќе влезат во новата влада, ќе му дадат целосна поддршка на мандатарот Заев да раководи со државата.

Од БЕСА, уште не се изјасниле дали ќе бидат дел од Владата, но доставија нова листа на принципи со кои го условуваат учеството во власта.

За нив е значајно во власта да нема луѓе за кои СЈО води постапки, но бараат и рокови за донесување некои закони, како на пример законот за јазиците и за редефинирање на државата.

Во СДСМ се вршат и последните подготовки за 22. Конгрес на СДСМ, кој ќе се одржи утре во хотелот „Александар Палас“.

Се очекуваат повеќе од 700 делегати кои ќе гласаат за лидер на партијата. До овој момент Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата.

На конгресот ќе се избира и нов состав на ЦО на партијата. На актуелниот, мандатот му истекува наредниот месец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?