Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Од:

Денеска и утре, поради празникот Водици во Грција, според најавите, грчките земјоделци нема да го блокираат граничниот премин Евзони и сообраќајот се очекува да се одвива непречено, како што беше случај за Божиќ и за Нова година, со цел да се олесни патувањето на граѓаните.

Од друга страна, на граничниот премин Ники (Меџитлија), како што информираа од АМСМ, од 9 часот во прекин ќе биде сообраќајот за товарни возила.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, а ден подоцна, на 1 декември земјоделците од северна Грција нивните трактори ги паркираа на граничниот премин Евзони и секојдневно, на неколку часа го блокираа сообраќајот од и кон нашата земја за сите возила, со исклучок на деновите пред и по Божиќ, Нова година и сега за Богојавление, како што е случај со сите блокади низ цела Грција.

Во неделата, претставници на земјоделците од сите блокови на состанокот одлучија 48-часовна блокада во цела Грција, односно в четврток и петок да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци, како и граничните премини.

Земјоделците од Евзони ќе учествуваат во конкретните 48-часовни активности, но планираат в среда да одржат состанок за да донесат одлука за видот на блокадата, односно дали граничниот премин ќе биде затворен два дена само за камиони или за сите возила.

Сепак, откако владиниот портпарол Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите соопшти дека „в среда наутро Владата ќе ги соопшти, во суштина ќе ги прецизира мерките што веќе се најавени“, земјоделците очекуваат да ги чујат овие мерки, па потоа ќе излезат со став, дали ќе одговорат позитивно и ќе ги прекинат протестите или пак ќе продолжат со планираната 48-часовна блокада.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие