Денеска е „Свети Игнат“ – Каков ќе Ви биде денот, таква ќе ви биде и годината

Од:

Денеска, според верскиот календар е „Свети Игнат“. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка.

Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Во народот постои верување дека она што ќе правите и ви се случува денеска, ќе го правите и ќе ви се случува цела година.

Значи каков ви е денов, таква ќе ви биде и годината.

„Вистинските“ бадникови и божиќни обичаи почнуваат денеска, и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.

Оостарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Се верува дека денеска не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата.

Значи иако многумина велат-празноверие, сепак внимавајте што ќе направите денеска.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Во 2025 година пет продолжени викенди

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје