Денеска е Св. свештеномаченик Антим

Од:

Во почетокот на четвртиот век, за време на царувањето на Диоклецијан и Максимијан, свети Антим веќе беше седокос старец.

Тој инаку беше епископ на Никомидија онаа Никомидија која во текот на гонењето при спомнатите цареви даде голем број маченици. Во текот на целото тоа гонење тој беше поглавар на таа храбра црква, а својот плоден живот исто така го запечати со мачеништво.

А тоа се случи вака. Епископот Антим се беше повлекол во едно село, Оман, и оттаму ги храбреше христијаните. Едно негово писмо дојде до рацете на царот Максимијан, кој испрати војници да го фатат епископот. Овие дојдоа во Оман, каде ги прифати еден седокос старец, ги нагости, а потоа им рече дека тој е оној кого го бараат. Војниците го убедуваа старецот да се скрие, но Антим одлучи да појде со нив. По патот сите поверуваа во Христа и се крстија. А свети Антим беше изведен пред царот, мачен и погубен со секира.

Би можело да ве интересира

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски