Денес променливо облачно време со сончеви периоди

Од:

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и особено во посеверните делови ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната темпертура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје сончево со умерена променлива облачност и со умерен јужен ветер. Во делови од регионот ќе има услови за краткотарен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната темпертура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне до 23 степени, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.

До сабота ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер. В сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, наместа пообилни. Од недела ќе почне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Би можело да ве интересира

Од среда дожд и ветер, а на планините снег

Следува снежен викенд, од понеделник се очекува стабилно време

А1он

Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Александар Тодески

Денеска облачно и ладно со врнежи од дожд

А1он

Силниот ветер направи хаос во Струмичко: урнат покрив, откорнати дрвја и искинати електрични кабли

Денеска сончево време со температура до 17 степени