Денес 120 случаи на Ковид-19, четири лица починаа

Од:

120 нови случаи на Kовид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатото деноноќие четири лица ја загубиле битката со вирусот, додава Министерството.

Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5.

Во ГОБ „8 септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1, Ресен-5.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3134, активни 2049
• Куманово 760, активни 211
• Дебар 96, активни 44
• Штип 347, активни 160
• Прилеп 263, активни 37
• Тетово 714, активни 394
• Струга 225, активни 140
• Велес 186, активни 40
• Битола 54, активни 20
• Охрид 174, активни 150
• Кавадарци 18, активни 12
• Гостивар 122, активни 66
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 19, активни 11
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 5, активни 3
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 30, активни 26
• Кичево 35, активни 29
• Ресен 108, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 954 теста се преку: ИЈЗ –232, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –109, Биотек –130, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -203, Судска медицина-17, Систина со PCR метода -109, ЦЈЗ Битола-43, лаборатории од странство-1.

Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација, соопштува Министерството за здравство.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, информира МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on