А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дендиас: Заев ги искористува проблемите што ги содржи Договорот од Преспа

by А1он29/10/2019 - 18:47260
Share0

Господинот Заев уште еднаш ги искористи проблемите што ги содржи Договорот од Преспа, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во однос на интервјуто на премиерот на Северна Македонија.

Добивај вести на вибер

Во писмената изјава објавена од неговата политичка канцеларија, шефот на грчката дипломатија вели дека Грција има за цел преку европскиот пат да ги реши проблемите и да ги ублажи негативните последици од договорот и додава дека тие ќе продолжат тесно да го следат „целосното исполнување на обврските на соседите“.

-Господинот Заев уште еднаш ги искористи проблемите што ги содржи во Договорот од Преспа, кои што ги знаевме и за кои предупредувавме. Договорот веќе даде резултати и Северна Македонија ги користи бенефициите бидејќи е отворен патот кон НАТО. Нашата цел е преку европскиот пат да ги решиме проблемите и да ги ублажиме негативните последици од договорот. И за таа цел, ние ќе продолжиме тесно да го следиме целосното исполнување на обврските на соседите, пишува во изјавата на шефот на грчката дипломатија.

Дендиас паралелно ја повикува опозициската СИРИЗА „конечно да размисли за нејзината одговорност за дефицитното ерга омнес“ и додава дека Грција со одговорност и самодоверба се враќа на водечката улога на Балканот и во поширокиот регион на источниот Медитеран.

grcija

Би можело да ве интересира

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски08/02/2026 - 15:4008/02/2026 - 15:49

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 09:35

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Горан Наумовски21/01/2026 - 22:19

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он12/01/2026 - 17:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен