Дендиас: Следната седмица видеоконференциска средба на Скопје и Атина за побрзо враќање во нормала

Од:

Следната седмица, по заедничка иницијатива на Грција и Северна Македонија, ќе се одржи нова видеоконференција со моите колеги од балканските и соседните европски земји за подобра координација за најбрзо можно враќање во општествено-економска нормалност, се разбира со помош од ЕУ, по периодот на строги рестриктивни мерки поради пандемија, наведува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во писмената изјава по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, меѓу другото, објаснува дека на денешната видеокоференциска средба станало збор и за иницијативите на Европската Унија за регионот, како и за резултатите од Самитот ЕУ-Западен Балкан.

– Одлуката на шефовите на владите за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан во справувањето со пандемијата, покрај солидарноста на ЕУ во пракса, ги истакна и стратешката важност и привилегираниот однос на овој регион со Унијата, додава Дендиас во изјавата.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски