Ден за високи гости на на „Криволак“ на вежбовните активности на Армијата на САД

Од:

На Армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се реализира програма за Денот за високи гости и отворен ден за медиумите на вежбовните активности кои ги изведуваат припадници од Армијата на САД, кои се дел од мултинационалната борбена група Исток од составот на „КФОР“.

На Денот за високи гости ќе бидат демонстрирани вежбовни активности со боеви гаѓања од пешадиско вооружување со артилериска поддршка, како и летачки активности со хеликоптери УХ-60 кои се дел од вежбовните активности кои е реализираат на Криволак во периодот од 1 до 23 март 2019 година.

На денот за високи гости ќе присуствува командантот на силите на КФОР, генерал мајор Лоренцо Д’Адарио, командантот на ЗОК, генерал мајор Павле Арсоски и претставници од Министерството за одбрана, ГШ, Амбасадата на САД, претставници од локалната самоуправа и други гости.

Ова е втор пат како Армискиот полигон „Криволак“ го демонстрира својот капацитет за изведување на обука и гаѓања со воздухоплови од страна на ВС на САД.

Од АРМ информираат дека во понатамошниот период ќе следува една поинтензивна фаза на користење на овој воен полигон, не само од страна на нашите армиски единици туку и од страна на нашите сојузници со што ќе се потврди и можноста на нашиот придонес кон НАТО Алијансата.

Би можело да ве интересира

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Аналитичар: Беспилотните летала во Полска се дел од стратегијата на Путин за „сечење салама“

Нов руски напад врз Украина, тревога во Полска и НАТО командата

Зеленски му постави ултиматум на Путин

НАТО: Минатата година Украина доби оружје и воена опрема во вкупна вредност од 50 милијарди долари

Лидерите на НАТО ќе се состанат утре за да разговараат за Украина

А1он