Ден за посетители на воената вежба „Здружена реакција-17”

Од:

Во рамките на воената вежба „Здружена реакција-17” на Армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се реализира програма за посетители.

Според програмата, припадниците на единиците на воена полиција од АРМ и армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Националните гарди на сојузните држави на САД, Вермонт и Минесота ќе изведат показна вежба „Кордон и претрага“, на која ќе ја демонстрираат својата обученост и извежбаност.

На Денот за посетители ќе присуствуваат претставници од асоцијацијата на воени аташеи акредитирани во Република Македонија, команданти на единиците на АРМ и други високи гости од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он