Ден на вранецот во Неготино

Од:

Неготино денеска го одбележува Денот на вранецот. Традиционалната манифестација што ја организира локалната самоуправа, се одржува во манастирот „Свети Ѓорѓи” во близина на градот.

Настанот е во рамки на неделата на виното „Свети Трифун 2013” по повод верскиот празник, заштитник на лозарите.

– Радува фактот што интересот за оваа манифестација секоја година е се поголем, не само од учесниците, туку и од гостите, рече градоначалникот на Неготино Пане Трајков.

На Денот на вранецот учествуваат повеќе винарии, а посетителите можат да го вкусат нивното вино.

Бројни настани се на агендата на прославата по повод „Свети Трифун”. Централната манифестација ќе се одржи во четврток кога на симболичен начин ќе се изврши ритуалот на кроење винова лоза.

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција