„Ден на празот“ во василевско Градашорци

Од:

Во василевското село Градашорци утре ќе се одржи традиционалната манифестација „Ден на празот“.

Градоначалникот Марјан Јанев, истакна дека како локална власт остануваат на заложбата да се негуваат овие манифестации кои оставаат белег на живеењето.

– Градашорци и општина Василево се далеку познати производители на праз и утре сакам да упатиме порака дека овој наш автохтон зеленчук е квалитетен и треба да се откупува и да се конзумира. За таа цел вредните домаќинки од општина Василево ќе приготват повеќе традиционални специјалитети од праз и ќе докажат дека оваа градинарска култура треба да биде дел од нашата трпеза, рече Јанев.

Јанев ги повика и производителите на праз да го изложат производството со цел, заедничка промоција, на како што рече, богатствата на општина Василево.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри