Во село Градашорци во општина Василево денеска по деветти пат ќе се одржи манифестацијата „Ден на празот“.
Настанот, кој прерасна во традиција, ќе го отвори заменик министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.
Манифестацијата има за цел поддршка на домашниот бизнис и развој на руралниот туризам. Составен дел од одбележувањето на денот на празот е и дегустација на специјалитети подготвени од овој зеленчук од домаќинките од Градошорци.