Ден на полкот за специјални операции на АРМ

Од:

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод денот на Полкот за специјални операции (пСО).

На свеченоста ќе присуствуваат началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, високи претставници од МО, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа од општините и градот Скопје и други високи гости.

На 1-ви март 1994 година е формиран баталјонот за специјални намени, кој беше основното јадро при формирањето на одредот за специјални намени, за подоцна да се трансформира во пСО.

Пред 19 години, со формирањето на оваа единица, АРМ го започна процесот на професионализација, со оглед на фактот дека во составот на пСО од неговото формирање до денес, се наоѓаат само професионални војници.

Кандидатите за прием во пСО, подлегнуваат на исклучително ригорозни критериуми на селекција, со кои од нив се бара висок степен на психофизичка подготвеност, како за старешините, така и за професионалните војници.

Во изминативе 18 години, припадниците на најелитната единица на АРМ, го создаваа нејзиниот препознатлив имиџ и висок рејтинг, како во Република Македонија, така и во рамките на НАТО и ПзМ.

Тоа се должи пред се на постигнувањето на врвни резултати на полето на стручно-специјалистичката обука во подолг период, како и високите оценки добиени низ петгодишното учество во мисијата „Слобода за Ирак“ во Ирак и во рамките на наменските сили „Феникс“ во мисијата ИСАФ во Авганистан.

Основната мисија на пСО е изведување специјални операции во мирновремени и во услови на конфликт, борба против тероризмот и други дополнителни активности. Една од задачите на пСО како дел од декларираните сили на АРМ, е учество во меѓународни операции за поддршка на мирот, како и превенција и справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори