Ден на одгледувачите на овци „Маврово – Ростуше 2016“

Од:

Со дегустација на традиционални бели овчи сирења, попладнево почнува неофицијалниот дел од 11. Ден на одгледувачите на овци „Маврово – Ростуше 2016“.

Манифестацијата продолжува утре, со прогласувањето на најдобрите производители и официјалната програма која предвидува изложба на шарпланинци, натпревари во стрижење и молзење овци, избор на најдобар овен, презентација на производи од волна,…

Овчарските денови традиционално ги организира Регионалното здружение на одгледувачи на овци од Западна Македонија, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Годинава за оваа намена се обезбедени 300.000 денари.

Манифестацијата ќе се одржи во ски-центарот Маврово, а организаторите најавија и т.н. овчарска закуска за 200 лица.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза