Федерацијата на фармерите на Република Македонија по четврти пат ја организира манифестацијата „Етно ден на млади фармери“ што денеска ќе се одржи во струмичкото село Мокрино.
Целта на манифестацијата е промоција на традицијата и заживување и унапредување на руралниот живот, преку негување на подзаборавените традиционални обичаи, како и пренесување на порака за развој на руралните средини и отворање на бизниси на овие места каде што носители на бизнисите се млади лица.
Настанот ќе изобилува со богата програма во рамки на која ќе се презентираат обичаите, песни, ора, носии и традиционални јадења.