Во организација на општина Ѓорче Петров денеска во село Кучково по десети пат ќе се одржи големиот Општонароден собир „Ден на Крстот”.
Како што најавуваат од општината, и годинава ќе се одржат традиционалните народни спортски игри во дисциплините: тегнење јаже, скок од место, фрлање камен од рамо, трчање со јајце на лажица во уста, сечење на трупци, тегнење со стап.
На игрите ќе учествуваат четири екипи и тоа од општините Илинден и Кисела Вода и две екипи од домаќините.