Граѓани фрлаат со јајца кон владиниот објект извикувајќи „Ружна ви е Владата! Ружна ви е Владата!“ на масовните демонстранции кои се одвиваат по објавените прислушувани разговори во кои се согледува обид на владините функционери да го заташкаат убиството на Мартин Нешковски.
Неколку илјади граѓани се собрани пред Владата и со скандирање бараат оставки. Дел од граѓаните веќе го пробија кордонот од полицајци и влегоа во дворот на објектот. Извикуваат „Револуција! Револуција“, „Оставки!“ и „Убијци! Убици!“.