(ВИДЕО) Демонстрантите бесни: Ако уште еднаш падне жртва овде, ќе го запалиме цело Ѓорче

Од:

Граѓаните гневни на полицијата, велат не си ја извршуваат добро работата.

„Ако уште еднаш падне жртва овде, ќе го запалиме цело Ѓорче“.

Ваква е атмосферата пред основното училиште „Мирче Ацев“ во скопската населба „Ѓорче Петров“, откако 10-годишно момче вечерва беше прегазено во сообраќајна несреќа.

Жителите кои се собраа на улицата „Борис Сарафов“ за „А1он“ трврдат дека на оваа улица секојдневно има трки со мотори и автомобили, а полицијата не презема ништо.

„Секој ден тука ни се децата, овде одат на училиште. Зарем треба да го затвориме дома?“, прашуваат граѓаните со револт.

Велат дека Општината ја префрла вината на градот, а градот на полицијата.

„Повеќе пати баравме да се постават легнати полицајци, но не дозволуваат бидејќи било главна улица“, раскажуваат собраните.

Во моментов полицијата врши увид, а улицата „Борис Сарафов“, каде се случи несреќата е затворена за сообраќај.

Претходно, од МВР за „А1он“ соопштија дека до сообраќајната несреќа дошло кога возило од марката „опел астра“ удрило во детето, кое по ударот било пренесено на Ургентниот центар. Засега не е познато во каква здравствена состојба се наоѓа.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он