Демолирани просториите на старото медицинско училиште во Тетово

Од:

Непознати сторители изминатиов викенд влегле во старото медицинско училиште во Тетово и со спреј ги испрскале и вандализирале просториите. Во него настава на македонски јазик изведуваат учениците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

Случајот бил пријавен утринава кога вработените дошле во просториите пред учениците. Освен полицијата увид извршиле и претставници од општинскиот сектор за јавни дејности во чија надлежност е образованието.

Од тетовската полиција информираа дека во објектот било влезено во засега точно неутврдено време откако насилно бил отворен еден од прозорците од западната страна по што сторителите со спрејови во сина и зелена боја ги испрскале и оштетиле ѕидовите, подовите, клупите, столчињата, таблите, книги, апарат за вода и друг инвентар и предмети. Оштетувањата се забележани во речиси сите училници, наставничката канцеларија и кабинетот по информатика.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека од досега преземените мерки при увидот биле пронајдени определени траги што ќе земерни за вештачење и оти се работи на откривање на идентитетот на можните сторители.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот