Новата политичка партија што пред неколку денови ја најави пратеникот Изет Меџити ќе се вика Демократско движење.
-Името беше објавено денеска по завршувањето на рокот за давање идеи од граѓаните преку онлајн платформата www.lëvizja.mk, соопштија од движењето.
Партијата Демократско движење официјално ќе биде промовирана на 13 август.
Меџити беше еден од предводниците на т.н. „огнена група“ во ДУИ.
Пратениците од редовите на „огнената група“ во ДУИ, Меџити и Мерита Коџаџику, од пред неколку дена официјално дејствуваат како независни во законодавниот дом.
Заедно со нив ќе дејствува и пратеникот Кастриот Реџепи, кој по разидувањето со Движењето Беса дејствуваше независно во парламентот, а потоа се приклучи кон пратеничката група на ДУИ во Собранието.