Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта се против формирање нова политичка партија

Од:

– Има разни разлики и ние сме фракција внатре во ДУИ и ние сме за решавање на несогласувањата внатре во партијата, вели градоначалникот на Општина Сарај и еден од членовите на фракцијата внатре во ДУИ, Блерим Беџети во врска со објавената вест дека постојат разлики меѓу членовите на оваа група.

-Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и инсистираме за овие прашања да се решава со аргументи преку расправа внатре во Демократската унија за интеграција, рече Беџети.

Тој потенцира дека се против формирањето на некој нов политички субјект, бидејќи, како што вели, на тој начин ќе се фрагментаризира, ќе се расцепка албанското бирачко тело.

-Јас, Муса Џафери и Невзат Бејта сме против формирањето нов политички субјект. Нема потреба да се формира нова политичка партија. На тој начин ќе се фрагментаризира, ќе се расцепка албанското бирачко тело, рече тој.

За политичката состојба во земјава и процесот на уставните измени, Беџети нагласува дека тие имаат ист став како и сите во ДУИ.

-Мораме да внимаваме да не ги охрабруваме антиевропските сили. Ние во ДУИ сме со став дека ова прашање мора да се реши час поскоро и процесот кон ЕУ да тргне колку е можно побргу, рече тој.

Прашан околу соработката со другите опозициски партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, Беџети негира такво нешто.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски