Партијата Демократски сојуз (ДС) денеска промовираше предлог изборна програма за престојните парламентарни избори.
Програмата е насловена „Промени, правда и прогрес“, а нејзината презентација ќе продолжи во сите градови и населени места.
– Наши приоритети се минимална плата од 300 евра, минимална пензија од 200 евра и започнување бизнис преку отварање на над 60.000 мали фирми во кои можат да се вработат од три до пет млади квалификувани луѓе, рече на промоцијата претседателот на ДС Павле Трајанов.
Предвидуваме, истакна, милијарда евра за капитални инвестиции, воведување високи технологии во производството, поддршка на извозот, отварање нови работни места и поддршка на земјоделството.
Трајанов посочи дека програмата на ДС содржи принципи според кои, како што рече, секој кој се збогатил на криминален начин ќе одговара, а имотот и парите ќе бидат конфискуваме и ќе бидат вратени во касата на народот….
Политичката криза, оцени, ги блокирала евроинтегративните процеси, ја зголемила неизвесноста и несигурноста и го засилила процесот на иселување од Македонија. Актерите на кризата, според него, мора да понесат одговорност и да платат висока цена.